Спортскиот директор на РБ Лајпциг, Маркус Кроше истакна  дека неговиот клуб веќе не е во можност да го откупи договорот на Патрик Шик од Рома, кој во моментот е на позајмица во Бундеслигашот. Неговата откупна клузула изнесува 29.милиони евра, кои Лајпциг нема намера да ги даде.

Оваа сума за Чехот нагло скокна откако Лајпциг се квалификува во Лигата на шампиони оваа сезона,но Маркус Кроше призна дека напаѓачот ќе остане само доколку Рома прифати помала сума на пари.

„Нема да може да го платиме целата сума на пари за потписот на Шик. Ние сакаме да најдеме решение“– рече Кроше за „Спорт Билд“.