Петта година по ред екипата на американскиот фудбал „Далас Каубојси“, чија вредност се проценува на 5,5 милијарди долари, е на првото место на листата највредни спортски клубови во светот.

Според најновата листа за оваа година која ја објави Форбс второто место му припаѓа на бејзбол тимот на њујоршките „Јенки“ со пет милијари, а потоа три НБА клубови – „Никси“ (4,6 милијарди долари), „ЛА Лејкерси“ (4,4) и „Голден Стејт Вариорс“ (4,3 милијарди).

Три европски фудбалски клубови се меѓу првите десет на листата на Форбс – „Реал Мадрид“ со 4,24 милијарди, фудбалскиот клуб „Барселона“ со четири милијарди и на 10. место е „Манчестер Јунајтед“, кој е процент на 3,8 милијарди долари.