Германскиот напаѓач на Реал Мадрид Тони Крос ќе паузира најмалку во следните две недели, откако на саботниот меч против Бетис се здоби со повреда.

Крос се повреди во самиот финиш на првото полувреме и беше заменет со Хрватот Лука Модриќ.

Германецот ќе ги пропушти натпреварите од Ла Лига против Ваљадолид ( в среда) и Леванте (в недела), а најверојатно нема да биде и во тимот на Германија за пресметките против Турција, Украина и Швајцарија.