Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг летово беше во преговори со Реал Мадрид за можен трансфер, јавуваат британските медиуми.

Сепак, тимот на Стерлинг му испратил порака на шпанскиот гигант дека „Сити во моментов е најдоброто место за него“.

Како што наведува “Bleacher report“, менаџерите на фудбалерот имале разговор со челниците на Кралевите на кои им било пренесено дека Стерлинг е среќен во Сити, но нема ништо против да се направи договор во иднина за негов трансфер во Мадрид.