Барселона од поодамна е заинтересирана за напаѓачот на Интер со кого летово сака да ја зацврсти деветката во нападот.

Но, најново е што и Реал има амбиција да го доведе Аргентинецот, со кого сака да ја засили острицата во нападот.

Имено, како што пишува Mundo Deportivo, претседателот на Реал, Флорентино Перес, по состанокот со раководителите на клубот реши Реал да влезе во трката по потписот на Мартинес.

Овој извор тврди дека Реал има извесна предност пред Барселона, бидејќи во клубот е мирно, за разлика од бројните конфликти во таборот на Каталонците.

На крајот, да потсетиме дека во откупната клаузула на Мартинес стои дека тој може да се откупи за 111 милиони евра.