Изненадувачка информација пласираа Calciomercato.com и Corriere dello Sport, според која голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума, може да замине од клубот во кој поникна и ја мина сета своја досегашна кариера.

Според изворите, за Донарума е сериозно заинтересиран мадридски Реал, но и Јувентус.

Договорот на Донарума со Милан завршува во лето 2021 година.

Оваа сезона тој настапи на 22 средби за Милан во Серија „А“ и прими 30 гола.