Во последно време енормни суми се даваат за фудбалери под 18 години, тренд кој го следи и Реал.

Според информациите на секогаш добро информираната Marca, Реал е заинтересиран да го купи играчот за врска на Рен, Едуардо Камавинга, кој има само 17 години.

Наводно овој фудбалер од поодамна го следат скаутите на Реал, а лично е заинтересиран и Зинадин Зидан, кој бара алтернатива за Каземиро.

Сега Реал го чека најпогодниот момент за да ги почне преговорите за трансферот на младиот Француз.

Се смета дека зделката е вредна меѓу 50 и 60 милиони евра.