Реал се подготвува да плати неверојатен износ за фудбалер кој има само 17 години.

Како што пишува Marca, која секогаш е добро информирана кога се работи за Реал, „Кралевите“ ова лето ќе го купат играчот за врска на Рен, 17-годишниот Едуардо Камавинга.

Според овој извор, Реал ја следи играта на Камавинга веќе две години и има намера веднаш да ги почне преговорите со Рен, иако се смета дека тоа ќе го чини дури 70 милиони евра.

Оваа сезона Конгоанецот настапи на 32 средби на Рен во сите конкуренции и има по еден гол и асистенција.

Интересно, специјализираниот Transfermarkt.com го цени овој фудбалер само 35 милиони евра.