Дека Лука Модриќ кога тогаш ќе мора да замине од Реал Мадрид се зборува од поодамна, но шпанскиот портал Don Balon тврди дека ја знае и цената за која Флорентино Перес ќе се согласи да го продаде Хрватот. Наводно се работи за 30 милиони евра, што е двојно повеќе од проценката на специјализираниот Transfermarkt, кој го цени 15 милиони евра.

Модриќ во Реал дојде во 2012 година за сума од 40 милиони евра и остави свој белег во успесите на „Кралскиот“ клуб.

Како причина за продажба на Модриќ се наведуваат неговите 35 години, а се смета дека него ќе може да го замени младиот Федерико Валверде.

Има информации дека за Модриќ е заинтересиран Интер.