Кризата која го зафати Манчестер Сити ги натера европските топ клубови внимателно да ги следат сите реакции на клубот и на фудбалерите.

Се смета дека одреден број фудбалери, воглавно најдобрите, ќе сакаат да го напуштат клубот и да ја сменат средината. Според сознанијата на Sportsmole.co.uk, Реал ќе се обиде да ја искористи оваа ситуација и да го ангажира Кевин де Бруин.

Ова може да значи дека „Кралевите“ ќе се откажат од идејата да го купат Погба со оглед на формата во која игра французинот но и со оглед на цената која ја бара Јунајтед за негова продажба.