Откако УЕФА потврди дека девет од 12-те клубови кои првично прифатија да бидат дел од Суперлигата ќе бидат казнети, а Реал Мадрид, Барселона и Јувентус одбиле да ги прифатат казните и да потпишат согласност, трите клуба со соопштение до јавноста испратија критика до Европската куќа на фудбалот.

„Клубовите основачи претрпеа и се уште имаат неприфатливи притисоци, постојат реални закани и санкции за напуштање на проектот, и затоа се откажуваат од нивното право и должност да даваат нови решенија за фудбалскиот екосистем, преку конструктивен дијалот и со конткретно предлози да помогнат во развојот на овој спорт.“ – е коментарот на тројцата „одметници“.

Останатите девет клубови потпишале декларација со која прифаќаат да платат казна од по 15 милиони евра на сметката на УЕФА, пари кои ќе бидат донирани во младинскиот и детскиот фудбал во Европа.