Иако натпреварувањето пропадна пред воопшто да започне, Барселона, Реал Мадрид и Јувентус не се откажуваат од Суперлигата.

Како што пишува Фајненшл Тајмс, трите клуба ги обвинуваат ФИФА и УЕФА дека ги кршат стандардите и законите на Европската унија, кои овозможуваат фер пазарен натпревар. Двете организации, како што тврди истиот извор, со уништувањето на Суперлигата, си осигуруваат монопол на фудбалот.

Наводно една фирма од Шпанија која ги претставува клубовите од Суперлигата ќе достави предмет пред Европскиот суд на правдата и ќе бараат оцена на фактите дека УЕФА и ФИФА смеат да ги санкционираат клубовите ако се придружат на конкурентска организација, додека истовремено профтираат од нивното играње во Лигата на шампионите и националните првенства.

Суперлигата беше замислена како натпреварување само на 12-те најбогати клубови во Европа. После низа протести низ Европа, девет од тие 12 клуба се откажаа од проект, со што ова натпреварување барем засега е укинато.