„Вечната војна“ на Реал Мадрид и Барселона продолжува вечерва од 21 часот на „Сантијаго Бернабе“. Зинедин Зидан потврди дека посакува прекин на лошата низа резултати против вечниот ривал од Барселона.

Реал Мадрид ја нема победено Барселона во Ла лига од 2 април 2016 година, кога на „Камп Ноу“ славеше со 2:1. Последен пат „Кралевите“ славеа пред своите навивачи против „Каталонците“ во Ла лига на 25 октомви 2014 година.

Ова се составот на Зидан кој конкурира за почените 11 на „Сантијаго Бернабе“. Во него поради повреда ги нема Азар и Асенсио а Родриго е суспендиран.

Барселона по ремито со Наполи во ЛШ, се насочи кон подготовка за пресметката со тимот од Мадрид. Сетиен нема да може да смета на Дембеле, Роберто и Суарез а Алба можно е да добие шанса.

Барселона во дербито пресметка  влегува од првото место на табелата во Ла лига со 55 бода, Реал Мадрид е втор со 53 бода.