Откако „Кориере Дело Спорт“ објави дека Реал Мадрид му се заканил на Интер да му ја исплати првата рата за трансферот на Хакими во Италија, „Кралевите“ со соопштение до јавноста ги демантираа овие наводи и ги окарактеризираа како лажна вест.

„Во врска со информацијата која ја објави „Кориере дело Спорт“ со која се наведува на тензија меѓу нашите два клуба Интер Милан и Реал Мадрид сакаме да демантираме, таа информација е лажна вест. Реал Мадрид не врши притисок во однос на време и не бара гаранција од Интер Милан, како што се тврди во веста. Што се однесува до трансферот на играчот во Интер, се е во нормала според договорот постигнат меѓу двата фудбалски клубови. Во овој како и во сите досегашни случаи меѓу Интер и Реал Мадрид, се се одвива со одлична соработка.“ – стои во соопштението на Реал Мадрид.

Интер и Реал Мадрид имаат договор за исплата на трансферот на Хакими на четири рати по 10 милиони евра.