Зинедин Зидан го убедил Кристијан Ерикесен дека за него ќе има место во почетниот тим на Реал Мадрид.

По ова фудблерот на Тотенхем им најавил на челниците на тимот од Лондон дека посакува во јануари да го смени клубот. Според „Марка“, трансферот дефинитивно ќе се случи во зимскиот преоден рок, а Тотенхме од ова ќе заработи околу 30 милиони евра.

Ерикесен има договор со Тотенхем до јуни 2020 година па поради ова Реал Мадрид ќе го добие за помала сума од предвидените 80 милиони колку што бараше Тотенхем минатото лето.

Со ова Зидан ќе добие нов креативец откако управата на „Кралевите“ предходно не успеа да ги купи Ван де Бек од Ајакс и Пол Погба од Манчестер Јунајтед.