Реал Мадрид беше единствениот фудбалски клуб во Шпанија, кој немаше женска екипа, па после 117 години се одлучи да формира женска секција во својот колектив

Следната седмица управата ќе одржи состанок на кој се очекува усвојување на одлуката за купување на локанлниот Клуб Депортиво Такон за околу 400.000 евра. Такон, од мадридската населба Орталеза, оваа година избоди пласман во првата лига.

Такон е формиран во 2014 година, а во управата на „кралскиот“ клуб, размислуваат да го преименуваат во Реал Мадрид, веднаш по купувањето.

Се очекува женската екипа да тренира со спортскиот центар на Реал Мадрид во Валдебебас, каде што тренира и машкиот тим.