Веќе не е никаква тајна дека Реал Мадрид од поодамна го сака голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа.

Реал го бараше уште во минатото лето. Се чинеше дека лошата форма на Де Геа ќе ги предомисли челниците на Реал, ама очигледно не е така.

Според информациите на The Sun, Манчестер Јунајтед ќе испорача за својот голман цена од 70 милиони фунти (скоро 80 милиони евра), а Реал е подготвен да ја плати.

Де Геа е роден во Мадрид и кариерата ја почна кај градскиот ривал на Реал, Атлетико, од каде мина во Манчестер Јунајтед во 2011 година.