Во Шпанија има  голема полемика, треба или не треба да се одигра „Ел Класико“ на 26. октомври, немирите во Каталонија многу веројатно ќе ја одложат првата пресметка на двата ривали.

Реал Мадрид е подготовен да го организира натпреварот  кон крајот на месецот, според претходно предвидениот план, првиот дуел треба да се игра на „Камп Ноу“.

Ла Лига предложи поради ситуацијата во Барселона и Каталонија оваа средба да се одигра во предвидениот термин, 13 часот на 26. октомври  но во Мадрид, според некои медиуми од Шпанија каталонците предлогот веднаш го одбиле.

Станува извесно дека ако средбата не се игра во Барселона ќе биде одложена, Реал Мадрид најави дека ги прифака сите варијанти.