Мадридскиот фудбалски великан Реал Мадрид не престанува со купувања на нови фудбалери за следната сезона. По представувањето на Азар и Лука Јовиќ Реал Мадрид денес го промовираше 18-годишниот Родриго Гоес.

Гоес на „Сантијаго Бернабеу“ доаѓа од Сантош за сума 45 милиони евра.

„Ова е мојот најсреќен ден. Реал Мадрид е клубот за кој сонувам од дете“, краток беше Родриго на промоцијата.

Трансферот на бразилскиот креативец беше официјален уште минатата година, но „кралскиот“ клуб го доведе во Европа летово.

Иднината на Родриго е непозната, се предвидува развоен пат како Винициус Јуниор и не е исклучена можноста фудбалерот да биде пратен на позајмица.