Челси и Тотенхем се екипите кои имаат најголеми шанси да го ангажираат Иско во зимскиот преоден рок, пренесуваат медиумите од Пиринеите.

Иско е достапен за 44 милиони евра откако Зидан решил дека 27 годишниот репрезенатативец на Шпанија нема капацитет за да се врати во старата форма.

Челси во јануари се очекува да потроши околу 150 милиони евра а сумата која ја бара Реал Мадрид за Иско е под очекувањата.

Тотенхем пак во Иско гледа директна замена за Кристијан Ерикесен кој не сака да потпише нов договор и во летниот преоден рок можно е како слободен играч да го засили Реал Мадрид.