Според „Кориере дело Спорт“ Реал Мадрид е подготвен ова лето да го даде Лука Јовиќ на позајмица во Милан.

Поранешниот напаѓач на Ајнтрахт Франкфурт, кој минатото лето беше доведен на „Сантијаго Бернабеу“ за 60 милиони евра, се поврзува со преселба во Милан во престојниот трансфер период, откако разочара со игрите во дресот на „кралскиот“ клуб.

„Росонерите“ нема да можат да го откупат неговиот договор во моментот и ќе треба првично да го доведат на позајмица. Ова би значело дека Јовиќ во нападот повторно ќе соработува со Анте Ребиќ, кога овие двајца го носеа дресот на Ајнтрахт Франкфурт.