Шпански „Ас“ тврди дека Зинедин Зидан им соопштија на седумина од првиот тим дека може и официјално да си бараат нови клубови и ова лето ќе бидат продадени.

Јокиќ, Иско, Мариоано, Марсело, Себаљос и Варан нема да бидат дел од клубот за следната сезона а од нивната продажба, Реал Мадрид очекува да заработи околу 250 милиони евра.

Зидан е решен ова лето да добие барем една мега ѕвезда, Мбапе или Халанд со што ќе се врати епитетот клуб кој не се одбива.

Неофицијално, Реал Мадрид во летниот преден рок ќе има на располагање околу 150 милиони евра, па со овие 250 милиони евра собрани од продажбата на седумината, јасно е дека во Мадрид ќе пристигнат сериозни засилувања.