Новинарот Жозеп Педрерол во емисијата „Ел Чирингито” објави дека Реал Мадрид решил да го стави Еден Азар на продажба.

Еден Азар потпиша за Реал Мадрид во 2019 година за вртоглави 100 милиони евра , плус уште дополнителни 50. на име на бонуси.

Но Реал Мадрид не виде речиси ништо од квалитетите на Азар  кој мака мачи со повредите и никако да блесне во белиот дрес.

Незадоволството кај фановите на Реал Мадрид е уште поголемо и тие настојуваат Азар да биде продаден по синојкешната снимка по завршувањето на мечот со Челзи каде Азар беше фатен како се забавува и се смее со играчите на Челзи и покрај елиминацијата на неговиот тим.

Со слична сторија излезе и Марка, весникот пренесе дека Еден Азар заедно со Иско и Марсело не се дел од плановите за новата сезона, но додава дека тешко ќе се најде купец поради нивните високи плати.