Федерико Валверде игра одлично во дресот  на Реал Мадрид, а одличните изданија „кралскиот“ клуб ги награде со нов договор за младиот Уругваец.

Тој потпиша договор до 2025 година, а откупната клаузула изнесува неверојатни 750 милиони евра. Уругваецот е дете на Пењарол, а во Мадрид пристигна пред три години. Прво беше дел од Реал Мадрид Б, па потоа беше позајмен во Депортиво Лакоруња.

Изминативе две сезони за „кралевите“ запиша 25 натпревари во Ла Лига, на кои го покажа сиот свој потенцијал и раскошен талент.