Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандес демантираше дека е незадоволен на „Олд Трафрод“ но и покрај ова јасно е дека не е среќен од начниот на кој игра тимот на стартот од оваа сезона.

Островските медиуми тврдат дека Фернандес побарал од Солскјер похрабра игра и поголема ротација во тимот кој беше посрамотен од Тотенхем во минатото коло во Премиер лигата.

Целата мешанца ќе се обидат да ја искористат Барселона и Реал Мадрид кои веќе подготвуваат понуда до Јунајтед за Бруно Фернандес.

Португалецот во моментов на трансфер пазарот вреди околу 80 милиони евра и е еден од омилените играчи на навивачите на „Ѓаволите“.