Според „Скај Германија“, Реал Мадрид и Интер преговараат за размена двајца играчи, станува збор за Кристијан Ериксен и Иско  кои треба да ги сменат клупските средини .

Ериксен се смета за енеуспешен трансфер кај Интер, не се снајде во Италија, Конте бара размена со Реал Мадрид  од каде во Милано треба да дојде  Иско.

Иско бараше да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ поради малата минутажа, се чин идека е можна размената во зимскиот преоден рок.

Проблем се „милионите,  Реал Мадрид за Иско одреди цена од  70 милиони евра, додека Ериксен го чинеше Интер 30 милиони, тоа ја отежнува размената која сепак е можна, проценуваат извори од двата клуба.