Управата на Барселона е се подалеку од договор со Интер околку очекуваниот трансфер на Лаутаро Мартинез, тврди шпанска „Марка“.

Интер бара 111 милиони евра, колку што му е откупната клаузула на напаѓачот, оваа сума засега е проблем за „Каталонците“. Целата ситуација будно ја следат Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед кои се надеваат дека од втор план ќе успеат да го убедат Мартинез да се пресели кај нив.

Барселона веќе добила амин од Маритинез за 5 годишен договор според кој играчот ќе заработува по 12 милиони евра по сезона, но откупната клаузула е основен проблем за трансфер да се реализира.

Мартинез е еден од двајцата играчи покрај Пјаниќ за кои Барселона е решена да оди до крај ова лето.