Шпанскиот фудбалски тим Реал Мадрид пројави интерес за играчот на Ајакс, Дони Ван Де Бек.

Шпанците за него би издволиле 50 милиони евра за трансфер, а Холанѓаните одредија цена од 65 милиони евра.

Меѓутоа, медиумите на Пиринеите сметаат дека Ајакс би можел да го пушти Ван Де Бек и за понудената сума од Реал Мадрид.

Минатата сезона во Ајакс Ван Де Бек постигна 17 голови и забележа 13 асистенции.