Бразилскиот репрезентативец, Вилиан е во потрага по нов клуб откако реши дека нема да го продолжи договорот со Челси ова лето.

Крилниот напаѓач има понуди од повеќе тимови од Англија а се најавуваше дека во игра за неговиот потпис е и Реал Мадрид.

„Кралевите“ повеќе не се заинтересирани за него затоа што Зидан посочил дека неговиот клуб нема потреба воопшто да започнува преговори.

Вилиан има 31 година и бара три годишен договор, ова е основната причина поради која Зидан верува дека Реал Мадрид нема да добие ништо посебно од еден од најдобрите играчи на Челси во последните неколку години.