Реал Мадрид има намера да го откупи Килијан Мбапе од ПСЖ за рекордна сума од 400 милиони евра, со ова трансфер пазарот ќе биде уништен, тврдат медиумите од Франција.

Флорентино Перез одамна има намера да го доведе Мбапе во Мадрид, подготвен е на се, па дури и со сума речиси двојно поголема од рекордната на Нејмар (222 милиони) едноставно да ги помести границите на трансфер берзата.

Доколку се случи реализација на овој трансфер, состојбите во фудбалот никогаш нема да бидат во нормала, вака коментираат влијателните медиуми од Франција кои полека но сигурно најавуваат дека е реалност реализацијата на трансферот.

Зинедин Зидан, побара Мбапе да биде доведен во Реал, и се чини дека неговата желба ќе биде исполнета.