„Кралскиот“ клуб од Мадрид до крајот на летниот преоден рок најверојатно ќе заработи повеќе од 1 милијарда евра од продажба на фудбалери, гледано севкупно во ерата на Флорентино Перез.

Според математиката на шпанските медиуми, Реал Мадрид досега под водство на Перез инкасирал 730 милиони евра а оваа сума ќе се зголеми за дополнителни 350 ако се реализираат продажбите на Бејл, Хамес, Ковачиќ и Томас.

Реал Мадрид во овој преоден веќе потроши 300 милиони евра на нови засилување од кои најзвучен е траснферот на Еден Азар од Челси.

Ова е тимот на играчи од кои поголемиот дел ова лето ќе го напуштат најтрофејниот клуб во историјата на Лигата на шампионите.