Најтрофејниот фудбалски клуб во Лигата на шампионите од продажба на играчи во Премиерлигата досега заработил повеќе од 300 милиони евра, стои во истражувањето на Марка.

Се започна од трансферот на Робињо во Манчестер Сити за рекордни 42 милиони во 2008 година. На ова следуваа продажбите на Ван Дер Варт во Тотенхем и на Гранеро во КПР.

Се сеќаваме и на трансферот на Озил во Арсенал и на Ди Марија во Манчестер Јунајтед. Последен на долгата листа е Ковачиќ кој неодамна го засили Челси за трансфер оштета од 45 милиони евра.

Сумирано Реал Мадрид знае како да преговара со островјаните и да извлече добра сума за фудбалерите кои повеќе не сака да ги има во екипата.