Раководството на Реал Мадрид подготвилно нова понуда до Ајакс за трансфер на Дони Ван Де Бек пренесуваат медиумите од Шпанија.

Зинедин Зидан верува дека со ангажманот на Ван Де Бек ќе го реши проблем во средниот ред а притоа нема да мора да ангаќира светски ѕвезди како што е Погба. За креативецот на Ајакс заинтересирани се и Манчестер Јунајтед и Евертон .

„Кралевите“ веруваат дека мора побрзо да реагираат на трансфер пазарот поради најавената активност на Њукасл, екипата која може да им ги помати сметките на големните од Европа во однос на купувањето на младите играчи.

Ван Де Бек во моментов на трансфер пазарот вреди околу 60 милиони евра.