Пандемијата од Ковид-19 ги промени плановите на еден од најголемите фудбалски клубови во светот, Реал Мадрид.

Шпанска „Марка“ тврди дека „Кралевите“ не се во позиција да инвестираат во нови играчи откако анализата покажала дека тие ќе загубат 150 милиони евра поради празните трибини,

Загубите мора да се амортизираат и поради ова Реал Мадрид ќе купува играчи само ако ги продаде оние кои не се во плановите на Зинедин Зидан.

Хамес Родригез, Герет Бејл, Брахим Диаз и Марзело се на трансфер листата но засега нема конкретни понуди за овие четворица.

Реал Мадрид се очекуваше ова лето да ги ангажира Ерлинг Халанд, Камавинга и Пол Погба, нова овј план во моментов изгледа далечен и неостварлив.