Откако Манчестер Јунајтед постави превисока цена од 150 милиони евра за продажба на Пол Погба, Реал Мадрид одлучил да бара ново решение за засилување на средниот ред.

Зидан потврдил дека Каи Хаверц од Баер Леверкузен го има потребниот квалитет за да го засили „кралскиот“ тим и преговорите може да започнат.

„Кралевите“ за Хаверц подготвиле понуда од 80 милиони евра со дополнителни бонуси, сума која може да биде прифатлива за бундеслигашот кој за Хаверц бараше околу 100 милиони евра во зимскиот преоден рок.

За Хаверц интерес има и од Манчестер Јунајтед, Сити, Ливерпул, ПСЖ, Јувентус и Барселона.