Зинедин Зидан е цврсто решен да го добие Килијан Мбапе во својот состав. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез подготвува 400 милиони евра со кои се надева дека ќе ги убеди челниците на ПСЖ да дозволат трансфер на младиот напаѓач.

Ако ова се оствари, Мбапе ќе стане најскапиот играч во историјата на фудбалот. Рекордот во моментов е во сопственос на ПСЖ кој на Барселона во 2017 година за Нејмар плати 222 милиони евра.

Мбапе има 20 години а досега постигна 67 голови и 31 асистенцијана 104 натпревари во Лига 1.