Третото коло од групната фаза во Лигата на шампионите на УЕФА го носи соочувањето на Реал Мадрид и Интер.

„Кралевите“ по две кола имаат само еден бод, па победата за нив е единствената опција за кам-бек во битката за осминафинале.

Интер исто така не ја започна европската приказна како што посакуваше и Конте најави дека неговите фудбалери мора да размислуваат на освојување на трите бода.