Централниот дефанзивец на европскиот првак Челзи, Антонио Рудигер е цел на еден од најголемите шпански клубови Реал Мадрид.

Според информациите на шпанските медиуми тој ќе биде зимски приоритет на најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите.

Репрезентативецот на Германија на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер и поради таквата ситуација раководните лица на лондонските „сини“ се принудени да го продадат веќе во јануари.