Данскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Ериксен јавно потврди дека нема намера да го продолжи договорот со Тотенхем и дека е спремен да ја промени средината во наредниот период.

Негова најголема желба беше трансфер во Реал Мадрид, но последните информации од Шпанија се дека „кралевите“ се откажале од негов ангажман.

После трансферот на Еден Азар и потрошените 300 милиони евра, „кралевите“ сакаат да направат уште еден голем трансфер, но приоритет е фудблерот на Манчестер Јунајтед Пол Погба.

Интерес за Ериксен во моментов покажуваат Манчестер Јунајтед и Јувентус. „Бјанконерите“ ѕасега  не сакаат да ја платат сумата од 100 милиони евра, колку што бара Тотенхем за негова продажба.

Поради тоа Манчестер Јунајтед се смета за фаворит за потписот на Ериксен, бидејќи „црвените ѓаволи“ нема да жалат пари за да го донесат на „Олд Трафорд“ данскиот репреѕентативец.