Борусија Дортмунд ќе мора добро да се потруди ако сака во своите редови да го задржи крилниот напаѓач Санчо.

Англискиот репрезентативец се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед кој е подготвен уште во зимскиот преоден рок да платаи над 110 милиони евра. Сепак ова може и да не се оствари откако Реал Мадрид повторно ја враќа на маса темата „Санчо на Сантијаго Бернабе“.

Од Манчестер Сити биле дицидни дека немаат намера да го продаваат Стерлинг па поради ова „Кралевите“ решението за напаѓачката линија ќе се обидат да го најдат во Дортмунд.