Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинес, по се изгледа ова лето ќе заврши во Реал.

Според информацијата на  TyC Sports, клубот од Мадрид е подготвен во летниот преоден рок да ја активира откупната клаузула на 22-годишниот Аргентинец и да ги плати предвидените 120 милиони евра.

Слична е и информацијата на влијателниот АЅ, кој го тврди истото, но сумата ја проценува на 111 милиони евра. Исто така, според АЅ, Реал е подготвен на Мартинес да му понуди плата од 14 милиони евра годишно.

Пред извесно време се зборуваше дека за Мартинес е заинтересирана и Барселона.