Реал Мадрид и Зинедин Зидан не се откажуваат од идејата да го донесат Пол Погба во своите редови.

На Французинот не му оди добро на „Олд Трафорд“, а клубот е свесен дека брзо ќе останат без него, момент во кој видоа шанса за што подобро да инкасираат на својата сметка.

Јунајтед бара 180 милиони евра за Погба, а според пишувањата на англиските медиуми, Реал подготвил одлична понуда – 80 милиони плус Хамес Родригез и Маријано Дијаз.

Со прифаќање на оваа понуда Јунајтед би вратил поголем дел од вложените 105 милиони за Погба, а ќе добие и двајца добри играчи. Засега останува непознато дали Родригиез и Дијаз ќе се согласат да заминат во тимот на „црвените ѓаволи“.

Погба со Јунајтед има договор до летото 2021 година и оваа сезона е последна шанса англискиот тим да заработи од неговата продажба.

Французинот оваа сезона во Јунајтед одигра 540 минути и двапати асистираше.