Раководството на Реал уште одсега ги планира засилувањата за следната сезона и во врска со тоа подготви буџет од 250 милиони евраза само двајца фудбалери.

Едниот од нив е Вирџил ван Дајк, дефанзивецот на Ливерпул, за кого Реал ќе испрати понуда од 180 милиони евра. Информацијата е на Goal.com, кој пак се повикува на Don Balon. Според овие извори, Реал сака ван Дајк да дојде во Мадрид веќе ова лето.

Ливерпул го купи ван Дајк во јануари 2018 година за 84,65 милионини евра, а специјализираниот портал Transfermarkt.com го цени на 100 милиони евра.

Вториот фудбалер за кого се ангажира Реал е играчот од средниот ред на Наполи, Фабиано Руис, пишува Calciomercato.

Овој извор тврди дека Реал подготви понуда од 70 милиони евра за Руис, за кого инаку се интересира и Барселона.

Руис дојде во Наполи во лето 2018 година за сума од 30 милиони евра, а Transfermarkt го цени на 60 милиони евра. Неговиот договор со Наполи е валиден до 2023 година.