Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и тренерот Зинедин Зидан очајно се обидуваат да го убедат Јунајтед на продажба на Пол Погба.

Последната понуда на „кралевите“ е листа од четири играчи, Одегард, Васкез, Васкез и Родригез, сите се „вишок“ во Реал кој со ова ги потцени барањата на Јунајтед.

Јунајтед веднаш одговори дека размена на играчи не доаѓа во предвид, ако Реал го сака Погба ќе мора да ја плати откупната клаузула со мал попуст.

Раководствот на „Ѓаволите“ верува дека Погба заедно со Фернандес ќе го вратат клубот на победничките патеки и поради ова ќе се обидат да го задржат Французинот барем уште една сезона.