Според информацијата што ја пласира Sportsmole.co.uk, Реал е сериозно настроен да го купи младиот Килиан Мбапе од ПСЖ.

Според овој извор, „Кралевите“ внимателно ги следат настаните во Париз и се во тек со нетрпението меѓу тренерот на ПСЖ Томас Тухел и Килиан Мбапе.

Реал е свесен дека Мбапе има уште 2,5 години од својот договор и дека раководството на ПСЖ ќе направи се за да го задржи фудбалерот кој постигна 82 гола на 104 средби во сите натпреварувања.

Реал наводно подготвува понуда што тешко ќе ја одбие дури и богатиот ПСЖ, а тоа е 250 милиони фунти или 280 милиони евра.