Играта на младиот фудбалски гение не остана незабележана од раководството на Реал, кое набрзина ги менува своите планови и сега Халанд, а не Мбапе, е прва цел на „Кралевите“.

Ова го тврди The Sun, а го потврдува и новинарот на La Sexta, Хосе Луис Санчез.

Според овие извори Реал ќе ги насочи сите свои сили за трансферот на фудбалерот на Борусија, чија вредност Transfermarkt ја цени на 60 милиони евра, додека неговата откупна клаузула е поставена на висина од 75 милиони евра.

Халанд овој јануари дојде во Борусија од Салцбург, за 20 милиони евра и на 8 средби веќе има постигнато 12 гола.