Трансферот на напаѓачот на Реал Сосиедад, Вилиан Жозе, во Барселона е проблематизиран, пишува Sport.es.

Шпанските медиуми претходно објавија дека двете страни се согласија на сума од 35 милиони евра, но сега наеднаш Реал Сосиедад побара ни помалку ни повеѓе 50 милиони евра, што е неприфатливо за Барселона.

Промената дојде откако тренерскиот штаб на Сосиедад реши дека 28-годишниот Бразилец им е неопходен во борбата за пласман во Лигата на шампионите и во Купот на Шпанија.

Најверојатно од ова зделка нема да има ништо.