Реал загуби од Сосиедат во домашниот натпревар од четврт-финалето на шпанскиот Куп, 3:4.

Во дефанзивата на клубот од Мадрид настапија Рамос и Милитао.

Ова е трет пораз на Реал, кога тој настапува без комплетниот дефанзивен двоец Рамос и Варан.

На средбата од групната фаза на Лигата на шампионите Реал загуби од ПСЖ (0:3), а настапи без Варан, исто како и денеска, додека во Ла Лига Реал загуби од Мајорка и тогаш го немаше Рамос. На сите тие три средби настапи Едер Милитао.

Кога Реал на терен ги имал Рамос и Варан, тој не загуби ниту една од 23-те средби со овој бековски пар.