Се поизвесно е дека српскиот репрезентативец ќе го напушти Лацио ова лето, иако има договор до 2024 година.

Првиот човек на Лацио одамна исече „стотка“, но засега на маса има две понуди од 80 милиони евра. Понудата на Интер ја изедначи Реал Мадрид, клубот од соништата на Сергеј.

Реал Мадрид во Сергеј гледа наследник на Модриќ кој е во залезот на својте фудбалски години и нема да може уште долго да биде предводник на Реал Мадрид.

Летото се ближи и нема сомнеж дека момчето кое постигна осум сезонски голови, заедно со Руслан Малиновски од Аталанта и најдобриот асистент на Серија А со десет асистенции, ќе биде една од централните теми на претстојниот преоден рок.

Заинтересираните клубови се надеваат дека Лацио нема да избори учество во Лигата на шампионите со што би се зацврстиле финансиите во клубот од Рим , што на Лотито би му дало шанса да ја зголеми цената на Сергеј