Како што пишува „GazzettadelloSport“ во последните часови од преодниот рок, Бепе Марота се обидува да го продаде Икарди во ПСЖ или Атлетико Мадрид.

Икарди најави дека останува во Интер, преку судски пат ќе бара висока отштета но и враќање во првиот тим, така не мисли раководството на клубот кое му бара ангажман.

Марота е во интензивни преговори со ПСЖ, Тухел бара напаѓач, Икарди е идеално решение, само треба да се убеди Аргентинецот да ја прифати понудата, тоа е „невозможната“ мисија за Интер.

Покрај шампионт на Франција, во игра е Атлетико Мадрид, таму Интер има „сојузник“ во Диего Симеоне кој беше челн на Интер, воедно тој е во добри односи со Икарди и идејата на Марота е да се ослободи од Аргентицеот на ваков начин.

„GazzettadelloSport“  тврди дека ова е ребус за Марота кој може да го реши, искусниот менаџер има начин да се ослободи од Икарди во долга сака во преодниот рок.